Андов во книгата „Успеси и заговори“: Фрчкоски имаше поголемо влијание од Глигоров како претседател и Црвенковски како премиер

Првиот претседател на Собранието на Македонија, Стојан Андов  издаде нова книга со наслов „Успеси и заговори“, со поднаслов „Обидите на Данаилов Фрчковски“.

Во книгата, Андов говори за настаните што се случиле во Република Македонија во 1993 година, ставајќи акцент на српско – грчкиот сојуз, маневрите на грчката политика и градење мерка на доверба.

– Кога уште во време на Мицотакис заглавија преговорите меѓу делегациите, што врз основа на одлуките на Советот за безбедност делегациите на Македонија и Грција ги водеа, дошло до контакти на грчките и македонските тајни служби. Тие контакти во прво време биле тајни и за македонската и за грчката јавност, а во Грција токму по откривањето на тие јавни преговори изби бура што на крајот преставуваше последниот клинец во ковчегот на владата на Мицотакис – пишува Андов во воведот во книгата.

Понатаму, пропдолжува во книгата Андов, според расположливите податоци од тоа време, се гледа дка во недозволиви активности се впуштил министерот за внатрепни работи Данаилов- Фрчкоски.

– Продорот на грчките тајни служби во нашите тајни служби фактички се покажа како угоден спој за грчките тајни служби со веќе вградената апаратура на тајите служби на Слободан Милошевиќ во нашите безбедносни органи. Тие околности многу ја ослабеа Македонија, но доведоа до брзо и засилено јакнење на политичките позиции во земјава на министерот за внатрешни работи. Така може да се каже дека есента и при крајот на 1993 година Данаилов Фрчкоски располагаше со посилно влијание во земјава дури и од она што го имаше Киро Глигоров како претседател на Македонија, а да не зборуваме за Бранко Црвенковски, кој во тоа време беше претседател на владата – пишува понатаму во книгата Андов.

Извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e