Анализа: Мицкоски меѓу партискиот багаж и ножот в грб

Ви пренесуваме дел од анализата на Призма за новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:

Кога го прашуваат за евентуално дистанцирање од Груевски и од Сашо Мијалков, прецизно ја повторува истата реченица дека добрите политики ќе ги продолжи, а оние лошите ќе ги подобрува, токму тој вординг го користи – „ќе ги подобрувам и оптимирам“, очигледно трудејќи се да не западне во коментар на скандалите што се врзуваат за поранешното раководство.

Како претседател на партија сѐ уште не сме го чуле дека „бомбите“ се сечени, лепени и монтирани, иако можеби интимно верува во тоа, меѓутоа јавно вели само дека не сака да коментира нелегално стекнати материјали.

Неубедлив е во обидот да прикаже дека се репресираат неистомисленици, алудирајќи на приведените за 27 април со прилично несмасната аргументација „и да било така порано, а не било, не треба сега да има ревашизам“.

Она случајно столче на кое седеше во прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ за време на интервјуто на Телма, прилично ја доловува неговата сѐ уште некомотна позиција како лидер, за разлика од Груевски, кој се фотографираше во претседателскиот кабинет речиси залегнат во фотелјата пред каминот.

Таа некомотност му се рефлектира и на теренот на тешките политички прашања, како што се Законот за јазиците и проблемот за името.

Нетипично за вмровски првенец, многу внимава околу жешките прашања на кои неговите сопартијци во минатото не се воздржувале да печалат поени. Законот за јазиците го нарекува неквалитетна целина, која можела подобро да се направи, а гази по јајца и по прашањето на името повикувајќи се на познатите позиции на ВМРО-ДПМНЕ, без да елаборира кои се неговите црвени линии.

Целата анализа на Призма на следниот линк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e