Аналитичари: Се плаши ли ВМРО-ДПМНЕ од СЈО?

Острото противење на ВМРО-ДПМНЕ, на СЈО да му се продолжи рокот за покренување обвиненија е доказ дека врвот на партијата се плаши од нови истраги и нови наоди за сериозни злоупотреби, смета поранешниот обвинител Јован Трпеновски. Според него секој кој мисли дека не го прекршил законот, упорно ќе бара да ја докаже невиноста.

„Отпорот е резултат на она кое што се очекува и што го има во материјалите кои што ги поседува СЈО. Дава отпор тој што смета дека е во тие материјали и за тоа ќе се прибираат докази дали е сторител на кривично дело или не. Невин човек сака да ја докаже невиноста доколку субјективно чуствува дека е невин а во спротивно прави опструкции за да не дојде до утврдување на вистината“, оценува Трпеновски.

Политичкиот аналитичар, Александар Пандов во работата на СЈО препознава обид да се оцрни раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а главен таргет на Катица Јанева бил лидерот Никола Груевски. СЈО било контролирано од СДСМ и токму поради ова ВМРО-ДПМНЕ биле против продолжување на мандатот за покренување обвиненија.

„Никој нормален човек и ниедна нормална партија не би прифатила во такви услови продолжување на некое такво обвинителство кое што има само единствена задача таа партија да ја оцрни. Да потсетам на крајот од денот тоа Специјално обвинителство има уште шест месеци рок и може како и во изминатиот период непречено да работи, да прави обвиненија и да си ја заврши работата за која е избрано“, истакна Пандов.

ВМРО-ДПМНЕ вчера соопшти дека нема да дозоволи да се продолжи мандатот на СЈО. Потегот да не и се даде повеќе време за обвиненија на Катица Јанева, партијата го оцени како храброст и пркост.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e