Ахмети: Во ДУИ се разговара за сите опции

Опциите за кои во ДУИ се развива отворена и конструктивна дебата, вклучуваат коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, со СДСМ, широка владина коалиција, да останат во опозиција, како и повторување на изборите.

Ова во понеделник го соопштил претседателот на ДУИ Али Ахмети, на средбата со Амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Ахмети зборуваше и за широката основа на консултации која ја развива, не само како партија, во земјата и регионот, но и во главните центри на поставување на ситуацијата во која се наоѓа земјата, спроти потребата за формирање на влада, но и спроти геополитичките случувања.

Претседателот на ДУИ ја нагласи потребата за поддршка од Германија за Евроатлантската интеграција и за развивање на реформите во земјата истакнувајќи дека албанскиот јазик, системските реформи и интеграцијата во НАТО и ЕУ остануваат апсолутен приоритет за ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e