Ахмети решен да оди со ВМРО-ДПМНЕ

Синоќешната средба на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со четворицата претседатели, според доброупатени извори на Либертас поминала во исклучително тензична атмосфера, во која сите освен Ахмети биле против коалиција со партијата на Груевски.

И покрај силното противење, претседателот на ДУИ, бил цврст во ставот дека неговата партија треба да ја продолжи соработката со ВМРО-ДПМНЕ. Тој го предочил договорот со Груевски, според кој, актуелниот мандатар би се откажал од премиерската позиција, а на негово место, како партиски кадар што ќе ја преземе таа улога, според договорот Груевски-Ахмети, тоа би бил досегашниот прв човек на македонската дипломатија, Никола Попоски.

И покрај убедувањето од потпретседателите дека тоа би било само формален а не и фактички акт, и дека Попоски би би бил само нова замена за Емил Димитриев, Ахмети опстојал на својот став дека без оглед на се, тој е за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, особено што пред Албанците тоа би можело да се претстави како преговарачки триумф на ДУИ.

Потпретседателите му укажале на Ахмети дека не се согласуваат, но тој, според нашите извори им рекол дека тоа е негова одлука, без оглед на далкусежните реперкусии што таа може да ги има и за ДУИ и за државата.
„Нека се подели партијата, нека има раскол, нека ги изгубиме локалните избори, јас сум решен да продолжиме со Груевски. Тој е нашиот партнер.“, им рекол Ахмети на потпретседателите кои не можеле да поверуваат во неразумните аргументи кои ги употребил нивниот лидер.

Обидите да го сменат неговото мислење биле безуспешни иако од средбата било јасно дека Ахмети во преговорите со Груевски немал, ниту барал некакви гаранции за принципите за кои наводно се залага партијата која ја предводи, а особено не она за СЈО, од кое според дебатата која се водела, во голема мера стравуваат и видни членови на ДУИ.

Либертас веќе информираше дека за СЈО, Ахмети и Груевски веќе смислиле валкано сценарио, според кое ДУИ ќе предложи законски измени, но тие нема да ги прифати неговиот коалиционен партнер, со што ДУИ би излегла со „чисти раце“ од процесот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e