Адвокатот на Трамп преку Инстаграм испрати поздрави до Македонија

Адвокатот на Трамп, Michael Wildes, објави фотографија на Инстаграм со сопругата на премиерот Заев, Зорица Заева од приемот кај првата дама на Америка, Меланија Трамп.

Сопругата Зорица го придружува премиерот Заев кој е во неколкудневна посета на Соединетите Американски Држави.

Wildes, за оваа средба се заблагодари на Дарко Дејановски и испрати поздрав до неговите сонародници во Македонија.

21942090_10100985908423759_1153347247_n

Дејановски, инаку е роден македонец, а од 2002г живее и работи во Њујорк. Моментално е ангажиран во канцеларијата на адвокатот на Меланија Трамп и фамилијата Трамп, Michael Wildes.

Тој летово беше во родната Македонија каде што имаше средба и со неговиот близок пријател и сограѓанин, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерот Николовски, тогаш најави дека оваа средба ке отвора нови перспективи за нашата Македонија.

3tt3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e