Зборот е збор: Aсфалтиран локалниот пат во населба Mечковци, Кр.Паланка

Во текот на денешениот ден градоначалникот Борјанчо Мицевски заедно со претставници на општината и Советот на општина Крива Паланка, направи увид во финалните активности од асфалтирањето на патниот правец од населба Белево кон населба Мечковци.

24955438_931944613622216_3205186561734021282_o

Благодарение на добрите временски услови, но и заложбите на локалната самоуправа, се реши еден од основните и дологогодишни проблеми на жителите од оваа кривопаланечка населба во пресрет на претстојната зимска сезона, истакна Мицевски.

Во следниот период ќе следат активности за санација на краците од овој пат кои водат кон браната во населба Белево, но и поврзување на овој патен правец со патниот правец кој води кон с.Конопница.

24955639_931944763622201_9118515349011020269_o

Локалното население изрази големо задоволство од  решавањето на нивниот долгогодишен и есенцијален проблем, како и од брзата и ефикасна реализаија на ветеното во предизборниот период.

24883576_931944460288898_479039710582034171_o

Асфалтирањето на овој патен правец е извршено со средства од буџетот на општина Крива Паланка во висина од околу 2.000.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e