Завршна конференција на проектот “Активни граѓани за транспарентни институции”

Со завршна конференција во Локалната установа Градски музеј во Крива Паланка беше заокружен проектот „Активни граѓани за транспарентни институции“ на невладината организација„Граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ“ од Крива Паланка.

Проектот има за цел овозможување на непречен пристап до информации од јавен карактер за граѓанското општество. Во рамки на истиот беше креирана база на податоци за општините и јавните претпријатија во североисточниот регион и беше изготвена новинарска истражувачка сторија, сето тоа во насока на зголемување на свеста и знаењето на граѓаните, јавните институции и невладините организации за важноста на транспарентноста во едно општетсво.

На завршната конференција присутвуваа претставници од локалните самоуправи на општините од овој регион, претставници од невладниот сектор, претставници од медиумите како и граѓани од општините.

Во рамите на проектот се организираше јавна дебата за активноста на граѓаните и граѓанското општество за градење на транспаретноста а со тоа и домекратија во општеството, се изработи истражувачка сторија, како и датабаза на податоци собрани од институциите во Североисточен регион.

Пред присутните во целост беше презентирана истражувачката сторија изработена од авторот Христина Стојановска во координација со работниот тим од ЕГРИ. Исто така беа презентирани неколку поенти кои произлегоа од базата на податоци.

Базата на податоци која ја изготви ЕГРИ опфаќа повеќе области од функционинирањето на општините од североисточниот регион и истата во иднина ќе им служи на граѓаните, но и ќе биде корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, и  истовремено ќе послужи како основа за преземање на натамошни акции од страна на здруженијата на граѓани. Дата базата содржи низа податоци од последните неколку години од областа на економијата и финансиите, здравството, образованието, квалитетот на живот, животната средина…, а ќе биде објавена на веб страницата на организацијата.

Преку резултатите од проектот граѓаните имаа можност да се запознаат со алатките кои им ги нуди законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во насока на остварување на нивното право да знаат за работата на институтициите.

Важноста на транспарентноста на јавните институции е од исклучително значење бидејќи се работи за пари на граѓаните и само тие можат преку притисок за зголемена транспарентност на јавните институции да вршат контрола дали нивните пари се трошат пропорционално и во согласност со нивните приоритети.

Ова е прв проект од областа на транспарентноста кој го спроведува здружението ЕГРИ со амбиции да продолжи во насока на унапредување на демократијата.

Упдејтирано ( 07 Декември 2017)

Линк од анализата и базата на податоци можете да ја најдете тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e