Завршна активност – Хепенинг во Дом на Млади Штип

Денеска се одржа завршниот настан од активностите по повод дваесет и втори март, во Дом на Млади. На настанот настап имаа децата од основните училишта, балетските студија, а модна ревија имаа претставници од Технолошко-техничкиот факултет при УГД.

„Денеска го одбележуваме вековниот обичај Чет’рсе којшто е многу значаен за Штип и штипјани, но и за културата за цела Република Македонија, бидејќи ова е обичај којшто е на листата на светско нематеријално богатство на УНЕСКО. Драго ми е што оваа традиција ја продолжуваме и оваа година со многу желба и ентузијазам и од сите институции коишто земаа чество во настаните организирано од Општина Штип“ – изјави градоначалникот Бочварски.

На крајот од овој хепенинг, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски им се заблагодари на сите учесници во овие настани и ги додели наградите.

Happening-Dom na mladi-2

Happening-Dom na mladi-3

Happening-Dom na mladi-5

Happening-Dom na mladi-4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e