Затворен 25. ФКТ „Ристо Шишков“ – лауреат Тања Бошковиќ

Синоќа, на големата сцена на НУЦК „Антон Панов“, се одржа завршницата на јубилејниот 25. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. На чинот на затворањето на фестивалот, беа доделени награди во повеќе категории од театарската асоцијација НЕТА, а единствената награда за високо актерско достигнување „Ристо Шишков“ ја понесе Тања Бошковиќ, за улогата на Марија, во претставата „Солзите се во ред“ на театарот „Звездара“ од Белград (Србија). Наградата на новиот лауреат и ја врачи претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов. Во чест на наградените беше изведено кабарето на Раде Марјановиќ од Белград, „Добри стари времиња“.
Инаку 25. ФКТ „Ристо Шишков“ се одржа под покровителство на Општина Струмица и Министерството за култура.

21751545_1405960709457355_1288663313939565337_n

21751459_1405960702790689_4763635069586913755_n

21740678_1405960832790676_6305146514168236575_n

21751889_1405960802790679_4419629837716232063_n

21740265_1405960706124022_5834794434859927185_n

21731330_1405960796124013_6711664096848308894_n

21728118_1405960792790680_5371322661230514036_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ