Возачи-инструктори од Делчево заработија кривични пријави

СВР Штип поднесе кривична пријава против И.В. (37) од Делчево, А.А. (28) од Делчево, В.А. (61) од Кочани, управител во правното лице „Ацико Трејд” Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување или уништување на деловни книги“,  како и против правното лице Друштво за обука на возачи, производство, трговија и услуги „Ацико Трејд“ ДООЕЛ експорт-импорт Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување на деловни книги“.

В.А., како  управител во „Ацико Трејд”, од 06.07.2017 до 31.10.2017 година на четири евидентни картони, за оспособеност на кандидат за возач од практичен дел од програмата за Категорија Ц+Е, внел невистинити податоци дека оспособувањето било извршено со приклучно возило, и покрај тоа што знаел дека приколката не била користена за обука. И.В. и А.А., како возачи-инструктори во „Ацико Трејд”,  во четири картони за евиденција за оспособеност на кандидат за возач од практичен дел од програмата за Категорија Ц+Е внеле невистинити податоци дека извршиле обука на кандидати за возачи со полуприколка и се потпишале, и покрај тоа што знаеле дека не ја спровеле обуката со приколката, со што овозможиле „Ацико Трејд” ДООЕЛ Делчево да се здобие со имотна корист во вредност од најмалку 60.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e