Во Делчево за 40 % намалени сметките за улично осветлување

Делчево штеди енергија на уличното осветлување и до 40%. Во рамките на проектот „Енергетски ефикасно осветлување во регионот Благоевград  Делчево”, започна завршната фаза за замена на уличните живини светилки со штедливи ЛЕД диоди.

  • Досега се заменети околу 600 улични живини светилки со штедлви ЛЕД диоди во 7 рурални средини (селата Габрово, Вирче, Град, Стамер, Разловци, Звегор, Тработивиште) и на улици во град Делчево во населбите Ново Делчево, Прв Реон, Втор Реон,Трети Реон, Стар Расадник, Милково Брдо. Во завршната фаза од замената на постојните улични живини светилки, ќе бидат заменети вкупно уште 160 штедливи ЛЕД диоди, а заменета ќе се врши на Булевар “Македонија” во централното градско подрачје на град Делчево, изјави Горан Трајковски, градоначалник на Делчево.

Од  преостанатите 160 штедливи ЛЕД диоди за замена, 110 се од по 60 W и 50 се од по 100 W.

  • Со замената на вкупно предвидените 760 штедливи ЛЕД диоди во 7-те села и град Делчево, јавното осветлување на општина Делчево ќе биде целосно енергетски ефикасно со драстично зголемени заштеди, кажа Трајковски.

Проектот е кофинансиран од ЕУ, односно  85% од ЕУ и 15% од Владата на Република Македонија. Буџетот за Делчево изнесува 190.665 евра, а имплементацијата на проектот е до октомври оваа година.

Извор: телевизија Стар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e