(ВИДЕО) Стојановска: Нудиме проекти за подобар живот на граѓаните од Маневци

Пресконференција Даниела Стојановска,

кандидат за советник во Општина Крива Паланка од редовите на СДСМ и коалицијата.

 

“Почитувани сограѓани !

Ја  бараме вашата доверба за поквалитетен живот за граѓаните на населба Маневци.

Нашиот план за оваа населба предвидува:

  •  реконструкција на асфалтната површина на улица 8-ми Октомври
  •  изградба на детско игралиште во модерен стил
  •  реконструкција на постојното повеќенаменското игралиште кај домот Боро Менков
  • целосно спојување и асфалтирање на улицата Калин Камен
  • изградба на нови потпорни стени на сите критични места каде што се јавуваат свлечишта
  • сообраќаен елаборат за решавање на проблемот со паркирањето
  • поставуваме сферно огледало на приклучокот на улица 8-ми Октомври кон главната улица Св Јоаким Осоговски
  • изградба на пешачки мостови преку Дурачка Река на потребните локации
  • изградба на нов пат на потег Дом на Култура до Маневски мост за непречено сообраќајно движење.

Драги сограѓани,

Само вие и никој друг одлучувате во каква Крива Паланка сакате да живеете. Да ставиме крај на лошата политика која од Крива Паланка направи изолирана и безперспективна општина,  и да се избориме за нова, чесна и одговорна локална власт која ќе работи во итнерес на секој наш граѓанин.

Ве повикуваме во Недела, на 15 Октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за нашиот кандидат Борјанчо Мицевски и советничката листа на СДСМ и коалицијата, за да обезбедиме  ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ”, изјави Стојановска!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e