(ВИДЕО) Мицевски: Со воведување на гасификацијата ќе заштедат компаниите и граѓаните

Изјава за медиуми

Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка
26.09.2017г

Почитувани,

Гасификација е една од најкрупните проекти во нашата програма.

Гасоводната линија поминува на околу петстотини метри од Крива Паланка, но таа воопшто не е искористена.

Уште од самото превземање на локалната власт, ќе го забрзаме процесот за гасификација на општината.

Со воведувањето на гасот, ќе им се олесни и поефтини животот и работењето на граѓаните и компаниите.


Гасот е ефтин и најупотреблив енергенс во светот.

Примерот со општина Струмица и Куманово мора да ни биде водилка во реализирање на овој толку важен проект за нашата општина.

Со воведување на гасот, секое училиште заштедува 60% од парите што ги добива.

Заштедените пари се користат за реновирање на училишта, со ефикасни фасади, нови прозорци и врати, квалитетни табли, нови столчиња, надгледни средства и помагала.

За граѓаните кои користат гас, сметките се за 20 до 30 % пониски. На тој начин остануваат повеќе пари во семејниот буџет.

Освен тоа, се обезбедува чист воздух и здрава животна средина за сите.

Во нашиот план предвидуваме најпрвин да бидат гасифицирани јавните установи и стопанството, а потоа домаќинствата во централното градско подрачје и останатите населени места.

Ова ќе биде само еден од многуте примери како ќе се инвестира во проекти кои ќе бидат од клучно значење за подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

Обезбедуваме живот во Крива Паланка за сите!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e