(ВИДЕО) Мицевски: Нудиме чесна и искрена понуда за живот на сите граѓани во Крива Паланка!

Изјава за медиуми

Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка
25.09.2017г

Почитувани сограѓани,

Јас сум Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од редовите на СДСМ и коалицијата. По занимање сум дипломиран професор по хемија, сопруг и татко на две малолетни деца. Добар дел од мојот професионален живот го имам поминато во невладиниот сектор а искуството од членувањето во советот на општината ќе ми помогне за решавање на локалните проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Почитувани, во овие 20 дена заедно со кандидатите за советници ќе допреме лично до секој од вас за да го презентираме нашиот план за живот во Крива Паланка за сите! План во кој искрено веруваме и ја ќе бараме вашата поддршка.

Нашата понуда е чесна и домакинска, понуда која ќе обезбеди просперитет и развој на нашата општина.

секој граѓанин на локално ниво

Се обврзуваме да обезбедиме повеќе пари за општините, а со тоа и повеќе можности и повеќе пари за секој граѓанин на локално ниво.

Вложуваме во младите, отвораме центри за отпочнување и развој на бизниси за нови и подобро платени работни места.

Ќе обезбедиме поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби а за дечињата и учениците пријатни детски градинки и чисти и топли училишта.

За мене и мојот тим приоритетни проекти ќе бидат:

-Гасификација на Крива Паланка, за поефтин и поеколошки извор на енергија од кој бенефит ќе имаат и граѓаните и компаниите.

-Да ги задржиме младите да работат и живеат тука, покрај своите семејства.

-Проблемот со паркинг просторот мора да се реши, и ќе го решиме, имаме конкретни решенија.

-Стариот градски плоштад ќе добие нов, модерен и европски лик.

-Ќе градиме патишта, водоводи, улици и канализации.

Ќе работиме чесно, одговорно и во интерес на сите граѓани на Крива Паланка!

Ја очекуваме вашата поддршка!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e