(ВИДЕО) Мицевски: Да гласаме за живот во Крива Паланка за сите!

Изјава за медиуми

Борјанчо Мицевски, кандидат за градоначалник на Крива Паланка од СДСМ и коалицијата
13.10.2017г

 

Почитувани сограѓани,

Се наоѓаме на два дена до изборите.  Пред нас се историски важни избори од кои зависи иднината на Крива Паланка и нејзините граѓани.

Сега е моментот, промената да ја направиме целосна.

Почитувани,

Гласот во недела е исклучително важен бидејки на Крива Паланка и се потребни промени. Промени кои ќе донесат едно подобро утре за сите граѓани, промени на просперитет и благосостојба. Промени за поквалитетен живот, но пред се промени за да си ја осигураме иднината и да ги задржиме и вратиме младите тука со нас, промени да обезбедиме вработување и пристојни плати за сите.

Во недела гласаме за гасификација, нов градски плоштад, нов затворен градски пазар, дислокација на депонијата од с.Конопница, нови улици, поврзување на Крива Паланка со Македонска Каменица и Трговиште,  Р. Србија, решавање на проблемот со паркинг просторот и многу други проекти во интерес  на сите граѓани.

Драги сограѓани

Само од вас и од никој друг зависи во каква Крива Паланка сакате да живеете.

Ве повикувам во недела на 15-ти октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за да ја заокружиме промената за подобар живот на сите граѓани.

ЗА ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e