(ВИДЕО) Марин: Создадовме вистинска граѓанска програма за подобар живот во Аеродром

Изборната програма на кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Златко Марин е готова. Според Марин заедно со граѓаните е создадена вистинска граѓанска програма која ќе овозможи подобар живот за граѓаните на Аеродром.

“Изминатите 17 дена се сретнавме со над 1000 граѓани. Тие ги споделија своите проблеми, а за секој од нив предвидовме решение. Вака ја создадовме програмата за престојните локални избори. Вака ќе продолжиме да работиме и по 15 октомври. За вас и со вас!

Одиме на победа, заедно, за подобар живот во Аеродром!, вели Марин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e