(ВИДЕО) Делегација на општина Бобов Дол од Р. Бугарија во работна посета на општина Крива Паланка

Во текот на денешниот ден градоначалникот Мицевски имаше средба со градоначалничката на општина Бобов Дол од Р. Бугарија, г-ѓа Елза Величкова придружувана со членови од општинската администрација. Оваа средба послужи за поблиско запознавање на профилите на двете општини, разгледување на можностите за иницирање на проекти и активности во насока на подобрување на општите услови на живот за луѓето од двете општини, како и за изнаоѓање на теми и области за заеднички пристап до програмата за прегуграничнита  соработка со Р.Бугарија.

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

-На мое општо задоволство, денес остваривме прва официјална средба со градоначалничката на Бобов Дол, Елза Величкова со која што разговаравме за она што е aктуелно, повикот по ИПА Програмата за прекугранична соработка на Европската Унија, помеѓу Бугарија и Македонија, а исто така стана збор и за други можности за соработка помеѓу двете општини. Секако тема на разговор беше и Коридорот 8, кој на наше општо задоволство се интензивира со актиелните политики на Владите на двете држави и затоа се надеваме дека сегашните дистанци помеѓу нашите општини ќе бидат значително скратени со изградба на железничката пруга и на останатата патна инфраструктура која ги поврзува двете општини, изјави градоначалникот Мицевски.

Гостите изразија големо задоволство и пријатно изненадување од конструктивниот разговор и  висока подготвеност за соработка на општина Крива Паланка

-Се надевам дека во најскоро време ќе изнајдеме допирни точки и ќе работиме на партнерски принцип и во насока на развивање на конкретни проекти и активности кои се во согласност со приоритетите за финансирање од страна на ИПА Програмата за прекугранична соработка, рече градоначалничката на Бобов Дол, г-ѓа Елза Величкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e