Весковски: Јакимовски ги задолжи граѓаните на Општина Карпош за 10,5 милиони евра!

Прес конференција,
Душко Весковски, претседател на ОО СДСМ –Карпош
Скопје, 18.03.2017

Почитувани граѓани,

Стевче Јакимовски и неговите соработници од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжија Општина Карпош за неверојатни 10.5 милиони евра.

Овој долг, по завршувањето на неговиот неславен мандат, Јакимовски ќе им го остави во наследство на следните генерации.

Од официјалните извештаи на Општината и завршните сметки може да се види дека само во 2016 година долгот се искачил за нови 5 милиони евра!

Непознато е каде отидоа овие пари, кога изминатата година не е изграден ниту еден објект од интерес на граѓаните.

Но затоа, само за ставката „репрезентација“, Јакимовски потрошил 140 илјади евра во 2015 и 2016 година, односно по околу 20 илјади денари дневно за гозби и ручеци од џебот на граѓаните.

Иако беа планирани 300 милиони денари за улици и патишта, потрошени се само 68 милиони денари, па затоа граѓаните имаат раскопани и непроодни улици и тротоари кои служат само за паркирање на автомобилите.

Граѓаните на парламентарните избори гласаа против корумпираните и несовесни политичари и порачаа дека сакаат одговорни власти што ќе се грижат за нивните реални проблеми и потреби.

По новата реформска Влада, доаѓа нова локална власт и во општина Карпош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e