Уште две градинки во општина Карпош опремени со прочистувачи за воздух

Акцијата за донирање на прочистувачи за воздух во градинките, доби вистинска масовност во изминатиот период. По декемврискиот апел за справување со загадениот воздух, на повикот за општествена одговорност на компаниите се одзваа голем број на фирми кои преку сопствен пример ја покажаа грижата за локалната заедница.

AML_6455

Денеска, Ротари клубот „Скопје Камен Мост“ донираше 12 прочистувачи за воздух, шест за градинката „Распеана Младост“ во Карпош 1 и шест за „Орце Николов“ во Карпош 4.

Со оваа донација, комплетно се опремени уште две градинки во Карпош со прочистувачи за воздух.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев изрази задоволство од тоа што Ротари клубот (финансиски потпомогнати од „Пивара Скопје“ АД Скопје) одговорија на повикот на Општината и на вистински начин придонесоа кон заштитата на децата од загадениот воздух.

AML_6468

 Свесни сме дека загадувањето може да го намалиме само со координирана акција со сите чинители, институции, граѓани, компании, невладини организации. Преку оваа акција, за донирање на прочистувачи за воздух покажавме дека е можна соработка меѓу институциите и компаниите, и денеска имаме прочистувачи речиси во сите градинки во Карпош, рече Богоев.

AML_6475

 Претседателот на Ротари клубот Иван Новаковски истакна дека иако овие донации не го решаваат трајно изворот на загадувањето, сепак, времено го подобруваат квалитетот на воздухот кој го дишеме.

Исто така, Новаковски  посочи дека Ротари клубот во следниот период ќе работи на подигнување на јавната свест кај најмладите, учениците од основните училишта и потребата од чист воздух и здрава животна средина.

Имено Клубот има разработено систем на мерки за заштита на учениците и наставниците од загадениот воздух, во периодите кога се надвор од училишните простории и  за време на одморите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e