Тошевски: Намалување на невработеноста, изградба на градинка и решавање на уличното осветлување

– Намалување на невработеноста во општина Ранковце преку привлекување домашни и странски инвеститори во индустриските зони, во село Петралица и општинската во Ранковце, место викано Криво Крушче. Тоа е една од приоритетните мерки кои ќе придонесат за подобрување на целокупното живеење во општината, преку вработување голем број млади луѓе, со што ќе се спречи одливот на млада работна сила во западноевропските земји, рече Ивица Тошевски, независен кандидат за градоначалник на општина Ранковце, поддржан од Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, претставувајки ја програмата со која настапува пред жителите на општината.

Тошевски истакна дека се опфатени проекти за подобрување на целокупното живеење, со акцент на намалување на невработеноста.

Тој најави и решавање на проблемот со уличното осветлување во општината, како еден од горливите проблеми, а најави и изградба на градинка, во која се планира да биде воведено и двосменско работење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e