Страотна несреќа на патот Крива Паланка – Ранковце кај с. Гиновце

Кај селото Гиновци на магистралниот пат Крива Паланка – Ранковце вечерва во 18.20ч. се случи сообраќајна незгода меѓу патничко возило БМВ со кумановски таблички и трактор.

Повредени се две лица кои се наоѓале во тракторот и со возило на Итната медицинска помош се пренесени во Здравствениот дом во Крива Паланка од каде информираат дека се уште им се укажува медицинска помош.

Откако полициската екипа на ПС Крива Паланка направи увид на лице место, сообраќајот во двата патни правца е нормализиран.

Се очекува во текот на утрешниот ден МВР да излезе со детали за настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ