Стоилковска: Ова се нашите проекти за Осичка маала, Домачки дол и Ристена Гогова

Изјава за медиуми

Анета Стоилковска, кандидат за советник во советот на Општина Крива Паланка од СДСМ и коалицијата

 

“Почитувани сограѓани !

Ја  бараме вашата доверба за поквалитетен живот за граѓаните на населба Осичка мала, населба Домачки дол и за граѓаните кои живеат на улица Ристена Гогова.

За овие три населби предвидуваме:

  • реконструкција на асфалтната површина на улиците Партизанска преку Домачки Дол до населба Циглана, 8-ми Септември и Моша Пијаде и да го решиме проблемот со атмосферските води
  • изградба на детско игралиште на просторот пред Тораничка зграда и повеќенаменско игралиште на просторот позади детската градинка Детелинка
  • промена на преостанатите азбестни цевки со водоводни
  • поставување на сферно огледало на крстосницата кај Осички мост
  • регулирано корито на Домачки Дол на потегот кон населба Циглана и редовно чистење на Домачки Дол
  • изградба на соодветен канализационен систем и изградба на безбедни улички во месноста Горен Бавчал’к
  • пат за возила од улица Моша Пијаде кон улица Македонска.
  • реконструирукција на  улицата Ристена Гогова со нејзините краци со промена на калдрмата и изградба на модерен асфалтиран пат како и изградба на детско игралиште
  • решавање на проблемот со атмосферските води и наносите во трите населби
  • дополнителни уредени локации за контејнери и корпи за отпад
  • подобра ефективност на зимското чистење во сите три населени места

Драги сограѓани,

Само вие и никој друг одлучувате во каква Крива Паланка сакате да живеете. Да ставиме крај на лошата политика која од Крива Паланка направи изолирана и безперспективна општина,  и да се избориме за нова, чесна и одговорна локална власт која ќе работи во итнерес на секој наш граѓанин.

Ве повикуваме во Недела, на 15 Октомври масовно да излеземе и да гласаме за бројот 19, за нашиот кандидат Борјанчо Мицевски и советничката листа на СДСМ и коалицијата, за да обезбедиме  ЖИВОТ ВО КРИВА ПАЛАНКА ЗА СИТЕ!”, вели Стоилковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e