Советот на општина Центар ги усови Завршната сметка и Годишниот извештај за 2017-та година

Советот на општина Центар на својата десетта седница ја усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2018-та година и Правилникот за постапката и начинот на распределба на финансиски средства од Програмата за финансирање на здруженијата и фондациите за 2018-та година.

Овие средства ќе се користат за финансирање на програмски активности на здруженијата и фондациите преку грантови за проекти за развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права, за помош и заштита на лицата со физички или ментален хендикеп, лица со попреченост во развојот, лица со посебни потреби, заштита на децата и младинците, заштита на животната средина и одржливиот развој. Сите овие активности треба да бидат во интерес на жителите на општина Центар.

Советот го утврди Правилникот за постапката за остварување на право на парична помош за новороденче и донацијата за детското игралиште во Ј.У. Детска градинка “13-ти Ноември“. Донацијата е во износ од 5.000 евра и е од ЕВН Македонија.

Зелено светло од советниците добија и Годишниот извештај на општина Центар и Завршната сметка на буџетот на општина Центар за 2017-та година.

Од вкупно планираните приходи за 2018-та, во износ од 1.084.425.000 денари, реализирани се 739.279.761 денари, односно 68% од планираните приходи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e