СДСМ Велес: Чадиев излажа дека ќе ја уреди индустриската зона „УЗУС“

Прес конференција 
Весна Стојанова Богоевска, портпарол на ОО СДСМ Велес
Велес, 13.09.2017
Почитувани граѓани,

Се наоѓаме во индустриската зона “ УЗУС ”, каде се сместени неколку стопански капацитети.

Градоначалникот во заминување, Славчо Чадиев ветуваше дека во првата година од мандатот целосно ќе ја уреди оваа индустриска зона, која преставува важен дел од економијата на Велес и Локалниот економски развој.

Но и овде можеме да констатираме :

ВЕТЕНО – НЕОСТВАРЕНО, од страна на крадоначаникот од ВМРО-ДПМНЕ, Славчо Чадиев.
Во индустриската зона “ УЗУС ” се уште нема уредени улици, нема соодветно улично осветлување, но затоа има неасвалтирани и калливи улици, полни со дупки и нерамнини.

Ова го покажува односнот на продолжената рака на Никола Груевски, крадоначалникот Чадиев кон стопанските капацитети кои се наоѓаат тука.

Чадиев нема слух за потребите на бизнисот во оваа индустриска зона.

Бизнис секторот во Велес воопшто не заслужил вака неодговорна локална власт.

Затоа, на претстојните локални избори, граѓаните на Велес ќе изберат нова локална власт предводена од СДСМ, која одговорно и посветено ќе работи во интерес на сите, во интерес на стопанството, во интерес на Локалниот економски развој на општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e