СДСМ Кр.Паланка: ЈП Комуналец ќе добие ново и чесно раководство, ставаме крај на расипничкото трошење

“ЈП Комуналец е претпријатие кое ја има изгубено својата намена во многубројниот опус на активности кои претходната локална власт ги наметнуваше во недостиг на креативно и практично решавање на тековните проблеми. Комуналното претпријатие доби задача за стопанисување со спортски терени, спортските сали, производство на бекатон плочки и ред други активности кои ги оптеретуваат вработените и ги дефокусира од првичните задачи, за одржување на хигиената и чистотата во градот. Затоа ова комунално претпријатие во изминатиот период не е на висина на своите
задачи. Реорганизацијата ќе започне преку воведување на акционен план за враќање на претпријатието кон своите корени, ослободување од наметнатите обврски, реорганизирање на админстративните текови и целосно реорганизирање на теренските активности. Заради добивање почист град каков што заслужува секој граѓанин, ќе се направат инвестиции во дополнителна механизација за чистење и миење на улици, како и возила за депонирање на отпад до соодветна локација. Со инвестиции во механизириани мини четкачи, ќе се направи прераспределба на ангажираниот
персонал и ќе се зголеми ефикасноста во метењето на улиците.

Оваа предност ќе ослободи работен персонал кој ќе посвети поголемо внимание на чистотата и во околните населби. Со ова и централното градско подрачје, како и околните населби ќе добијат почиста околина, а градот ќе добие разубавен европски лик. Ќе се инвестира во изградба на нови локации за поставување на контејнери во оние места во кои што нема и ќе се направи напор за едукација на граѓаните за селекција на отпадот. Селекцијата ќе биде долг процес, кој ќе инволвира и разни методи за негова промоција како субвенционирање во делот на сметките за вода и смет, наградување на примерните практичари и слично. Во поглед на селекцијата ќе се направат инвестиции во соодветни корпи за отпадоци на соодветен смет. Ќе се инвестира и во подобрување на селските водоводни мрежи и преземање на маалските водоводи заради одржување.

Со доаѓање на нов, чесен и договорен тим во јП Комуналец ќе се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните. Наместо за пегли, фенови и скапи ручеци, парите ќе се насочуваат за развој на претпријатието.

Сметките за вода и комунални услуги во првите 100 дена од мандатот ќе ги намалиме за 15 %.” – стои во соопштението од СДСМ Крива Паланка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e