Во програмата за локалните избори 2013 -та година, Арсенчо Алексовски вети дека до крајот на 2014-та зад основното општинско училиште “Јоаким Крчовски” ќе изгради нова спортска сала.
Се приближуваме кон крајот на 2017 година а од салата нема ниту трага ниту глас.
Градоначалнику во заминување Алексовски,
Учениците не заслужуваат да бидат манипулирани. Тие очекуваат реални и остварливи ветувања. Заслужуваат сала во која ќе можат правилно да се развиваат.
На 15 Октомври во Крива Паланка ќе има промени, промени на надеж и вистинска домаќинска политика. Инвестициите ќе бидат насочени таму каде што се најпотребни, а секако, правилниот развој на децата ќе биде еден од нашите приоритети.