СДСМ Кавадарци: Јанчев јавно да открие за што му се оддолжува на Сашо Мијалков

Почитувани сограѓани,

ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат се обидоа денес да ги изманипулираат граѓаните на Кавадарци, но сами се фатија во нивната лага.

Веднаш по нашиот прес, каде објавивме дека кандидатот на Груевски и ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, добивал милионски субвенции за државно земјоделско земјиште, а нема платено закупнина за истото, луѓе на Јанчев отишле во банка со цел да извршат уплата и да го прикријат случајот на корупција.

На уплатницата кои самите ја објавија јасно се гледа датумот на уплата, а тоа е денешниот датум 19.09.2017.

И за крај, бараме кандидатот на ДПМНЕ јавно да открие пред сите граѓани на Кавадарци за што тој му се оддолжува на Сашо Мијалков и кој е неговиот багаж? Исто така, сакаме да порачаме јавно дека долговите на Митко Јанчев кон Сашо Мијалков се негов личен проблем. Кавадарци не е за продавање!

Со Почит,
Општинска Организација СДСМ Кавадарци

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e