СДСМ Гази Баба: ВМРО-ДПМНЕ се повикува на реализирани проекти во Гази Баба, а истите ги ветува повторно

ВМРО-ДПМНЕ и Тони Трајковски знаат дека губат во Гази Баба. Граѓаните им оставија една деценија време општината да ја претворат во модерен центар со економски развојни зони, квалитетно образование, спортски дух и економски раст. Наместо тоа, Гази Баба е општина со неасфалтирани улици со дупки, нефункционална фекална и атмосферска канализација која при секој посилен, а краткотраен дожд се излива и претставува потенцијална закана од зарази. Гази Баба сега е општина со небезбеден сообраќај, без спортски и детски игралишта со неискористен земјоделски и индустриски капацитет. ВМРО-ДПМНЕ се повикува на реализирани проекти кои Тони Трајковски кандидатот за градоначалник на Гази Баба ги направи во изминатите два мандати. Ние ги прашуваме, зошто Трајковски ако ги реализирал проектите кои беа во програмата во изминатите мандати повторно ги ветува истите?

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ имаа други приоритети. Дојде време да им се даде шанса на нови луѓе кои ги познаваат проблемите на општината и кои ќе се заложат за проблемите на граѓаните.

На 29 октомври граѓаните заслужуваат нова иднина за подобар живот за сите, стои во соопштението од ОО на СДСМ Гази Баба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e