Општина Чаир може да добие нов градоначалник

Општина Чаир може да добие нов градоначалник откако државната изборна комисија на денешната седница донесе решение за повторување на гласањето во избирачкото место 2901, ОУ „Иднина“.

Врз основа на одлуката на Управниот суд, кој ја поништи претходната одлука на ДИК, на 12 ноември во Чаир ќе има прегласување во оваа гласачко место.

Инаку на избирачкото место 2901 во ОУ „Иднина“, Чаир, запишани се 719 гласачи што е повеќе од доволно да се сменат крајните резултати за градоначалник  на оваа општина, во кои по оддржувањето на првиот и вториот круг од изборите, победa оствари кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу со 209 гласа разлика, додека на избирачкото место во кое ќе се прегласува кандидатот на БЕСА победи со  66 разлика, така да со сигурност се очекува тесна битка за градоначалник на општина Чаир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e