Општина Центар реконструира три улици во Буњаковец

Општина Центар врши реконструкција на три улици во Буњаковец.

Започната е реконструкцијата на коловозот на улица „Апостол Гусларот“ во должина од 110 метри, „Стеван Јакимов Дедов“ во должина од 100 метри и улица „Борка Талески“ во должина од 105 метри.

Вкупната должина на која ќе се рехабилитира коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Со ова општина Центар ги довршува отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште Ј.Х. Песталоци.

Rekonstrukcija-27-7-2017-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e