Општина Центар со поддршка на поп-ап изложбата “Критичка Aрхива – Разоткриена“

Општина Центар го поддржа одржувањето на поп-ап изложбата  “Критичка Aрхива – Разоткриена”, во организација на здруженијата на граѓани Лапис и Ексибит.

На овој несекојдневен настан беа изложени оригинални архитектонски цртежи, документи и студии за Скопје, со најголем акцент на Дебар Маало, меѓу кои некои постари и од 50 години, со цел систематски да го елаборира поимот архивски простор како “место на идеја”.

„Нашата заложба е да ја нагласиме општествената вредност на просторната застапеност на архивата како медиум за преговарање на заедничките вредности на оспорените територии, како место за преговарање на спротивставените интереси, изразувајќи заеднички вредности и афирмирање на заедничките мислења на разновидните и поделени ставови на граѓани на Скопје. Имаме намера да ја унапредиме улогата на архивата, промовирајќи го својот двоен идентитет, и како место за меморија и акција – наследство, но и како и место за иновации. Со привремено поставување на архивата во срцето на јавниот дискурс, истакнувајќи ја својата улога преку поврзување со минатото и иднината и нејзината просторна асоцијација, како форум за полемиките на тој дијалог – ние планираме да ги отвориме вратите ширум, со верувањето дека интелектуалната слобода може да формира заеднички вредности“,- истакнаа од Ексибит.

Соработката меѓу Општина Центар и Ексибит ќе продолжи и понатаму со стратегијата „100 идеи за Дебар Маало“, која ќе биде фокусирана кон создавање на заеднички бенефит меѓу жителите на Дебар Маало и урбаната средина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e