Општина Центар гради потпорен ѕид на улица „Христо Чернопеев“ на Водно

Општина Центар работи на решавање на проблемот со ерозија на земјиштето  на улица „Христо Чернопеев“ на Водно. Започна изградбата на потпорен ѕид  во должина од 15 метри и висина од  8 метри.

potporen-zid-1

Жителите реагираа и бараа од општината да ги заштити од секојдневните опасности од  слегнување, лизгање и ерозија на земјиштето. Постоеше  потенцијална опасност од лизгање на куќите од улицата „Славејко  Арсов“ .

Градоначалникот на  општина Центар  Саша Богдановиќ, наредната недела  закажа  состанок  со  директорот на ИЗИС за да се утврдат критичните точки  на територијата на општината каде што нема  да  се издаваат одобренија за градење.

potporen-zid-2

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e