Општина Центар годинава се приклучи на одбележувањето на Светскиот ден на поезијата

Денеска по повод Светскиот ден на поезијата, Општина Центар во соработка со Институтот за македонска литература организираше дебата посветена на младите писатели Фросина Пармаковска, Петар Андоновски и Драгана Ефтимова.

Дебатата која се одржа во општинската читална „Славко Јаневски“ ја отвори градоначалникот Саша Богдановиќ.

„Задоволство ми е што сме организатори на овој настан. Општина Центар сакам да биде промотор на вакви манифестации бидејќи авторите треба да го имаат  местото кое го заслужуваат.Моја заложба е соработката со Институтот за македонска литература да продолжи и да се продлабочува“, рече Богдановиќ.

Светскиот ден на поезијата се одбележува од 1999 година.

„ Поезијата мора да го направи светот подобар и поубав. На овој ден им порачувам на сите љубители на убавиот збор дека поезијата за разлика од прозата има помал број читатели и затоа треба сите да ги анимираме со вакви настани и да им ја доближиме поезијата уште од најрана возраст“, рече Ана Мартиноска.

Младите автори Фросина Пармаковска, Петар Андоновски и Драгана Ефтимова говореа за своето творештво, мотивите и инспирацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e