Општина Аеродром бара начин да ја спречи изградбата на деветкатница пред Мајчин дом

Градење на деветкатница на плацот пред Мајчин дом е спротивно на заложбите на сегашното општинско раководство. Во Опшината досега не е пристигнато барање за одобрение за градба, ниту какво било барање во однос на конкретната парцела и согласно тоа не постои проектна документација за објектот.
Со ДУП И10, изгласан од претходното раководство во април 2017 година, парцелата пред Мајчин Дом се наменува од зона Д1 – парковко зеленило во зона за станбено домување А2.
Во тој период имаше голем број реакции од јавноста во однос ДУП И10 и сегашниот градоначалник јавно говореше против носење на одлуката парцелата да се претвори во градежна. И покрај големите заложби против ваквото решение, претходното раководство го донесе ДУП И10, кој е веќе стапен на сила.
Парцелата пред Мајчин Дом е во приватна сопственост. Според деталниот урбанистички план, тука се предвидува иградба на објект П+8+ПК/П+8, односно приземје, плус осум ката и поткровје, а во дел приземје со 8 ката.
Општина Аеродром во моментов ги разгледува сите правни механизми и бара начин да ја спречи градбата на плацот пред Мајчин дом, соопштуваат од општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e