Одрон отсече три села во Кривопаланечко

Големо свлечиште предизвикано од интензивните врнежи дожд затрупа поголем дел од патниот правец Крива Паланка – село Станци поради што целосно се отсечени селата Дурачка Река, Станци и Метов.

Од Општина Крива Паланка информираат дека се работи на расчистување на свлечиштето.

– Одронот е на локација што претставува критична точка на овој патен правец. Механизацијата е на терен, екипи од Одделение за комунални дејности при општината и јавно претпријатие Комуналец со расположливите ресурси и механизација веќе работат на расчистување на теренот, изјави Борјанчо Мицевски, градоначалник на Крива Паланка.

Рече дека се очекува патот да биде расчистен во текот на денот,но екипи ќе дежураат и во текот на ноќта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e