О Г Л А С за распределба на финансиски средства од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2018 година

Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2018 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 24/17), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува

 О Г Л А С

за распределба на финансиски средства од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2018 година

 1. Право на учество во Огласот имаат спортски клубови, спортисти-поединци што индивидуално, според агендите на спортските федерации, учествуваат на спортски натпревари дома и на турнири од балкански, европски или од светски ранг и постигнуваат врвни резултати, на спортски институции, здруженија и други организации, како и за организирање и спроведување проекти од областа на спортот, како дејност од јавен интерес.

2. За да учествуваат во Јавниот оглас барачите треба да ги исполнуваат следниве услови и критериуми:

– Да се регистрирани за вршење на дејноста спорт со седиште на територијата на  Општина Центар-Скопје;

– Спортистот-поединец да е жител на Општина Центар-Скопје;

– Доказ од спортскиот клуб или од спортистот-поединец за учество во соодветна федерација, категоријата во која учествува и времетраењето на учеството;

– Да се приложи програма/проект на активности во тековната година;

– Документација со која се потврдуваат постигнатите резултати и успеси според агендата на натпревари на соодветната спортска федерација;

– Финансиски план за потребните средства за реализација на програмата/проектот, број на ангажирани лица и опис на трошоци по позиции.

3. Начин на пријавување

Потребните документи се доставуваат до Архивата на Општина Центар-Скопје, во затворен плик, со назнака за „Оглас за распределба на финансиски средства од Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2018 година“, на кој пишува „Не отворај“.

4. Рок за поднесување документи

Рокот за поднесување на документите почнува да тече од денот на објавување на веб- страницата на Општината, од 22.3.2018 година заклучно со 29.3.2018 година.

5. Документите на барачите што не се комплетни и кои не се навреме доставени нема да се разгледуваат.

ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ

ГРАДОНАЧАЛНИК

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e