Ново осветлување во Момин поток

Денеска, екипата на Општина Карпош постави нови електрични инсталации на главната улица во индустриската зона Момин Поток. Должината на електричната линија е 1.400 метри со нови 30 дрвени столбови на кои се поставени 40 нови светилки од по 70 вати во комбинација со постоечката инсталација. На оваа локација, по барање на фирмите кои функционираат во тој дел, општина Карпош им излезе во пресрет, се’ со цел да се обезбеди поголема безбедност за фирмите и граѓаните во овој дел на Карпош. Осветлувањето беше изведено во краток временски рок. Истовремено, ќе се осветли и пунктот за бездомници, како и пунктот за хуманитарна помош во населбата „Момин Поток“.

AML_1671(1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e