Нема вага што ќе ја измери „македонштината” ниту омразата, најважна е безбедноста на децата

Нашите деца за два месеци ги чека прослава на матурската вечер. Но наместо да размислуваат за свечено заокружување на завршувањето на средното образование,  некој свесно ги втурнува во опасни политички игри кои може лесно да излезат од контрола –вели за Фактор, родител на матурантка од прилепската гимназија “Мирче Ацев”.

Штетите кои преку агитацијата врз учениците да излезат на протестите за Заедничка Македонија им се нанесуваат на учениците и на самото училиште  смета загрижениот родител,  допрва ќе се воочат.

“Местото на учениците е во училишните клупи, а не на улица.Ние се сретнавме со директорот на училиштето. Му кажавме дека лесно учениците може да бидат манипулирани и практично искористени во партиски или политички цели,  но прашавме  и кој ќе ја понесе одговорноста доколку во целата еуфорија “кој и колку е голем националист и Македонец”  некое од децата биде повредено. Јас сум како родител сериозно загрижен. Моето дете очекувам во училиште да биде најбезбедно, бидејќи тоа е нивниот втор дом.

Целиот текст прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e