МВР: Поднесок до ОЈО Прилеп против прилепчанец за -“мачење животни“

НК за КР при ПС-ОН Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе известување против лицето М. М. (56) од Прилеп поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело -“мачење животни“ по чл.233 од КЗ на РМ.

Имено, по поднесена телефонска пријава од граѓанин во ПС-ОН Прилеп, преземени се мерки за расветлување на настанот при што е констатирано дека на 07-ми овој месец, околу 11,00 часот, на плоштадот “Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, поточно кај тезгите за чистење на чевли, пријавениот дошол со куче непозната раса, кое го имал кај себе повеќе денови. По извесно време а под дејство на алкохол, осомничениот земал црвена боја од боите за чевли и почнал да го бои кучето и да се изживува врз истото, што кај граѓаните предизвикало чувство на револт и вознемиреност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e