Мицевски: Штетата врз јавните површини е направена од активисти на ВМРО-ДПМНЕ

И кандидатот на СДСМ за градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, со реакција за синоќешниот, според него вандалски чин, каде вмровски активисти, со цел да го претстават СДСМ во едно поинакво светло, по јавни и приватни површини пишувале графити со редниот број 19 и името на кандидатот од СДСМ.

“Се оградуваме од вандалскиот и недемократски чин направен од активистите на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да не оцрнат како партија и да не претстават во поинакво светло.

Јавно укажувам дека никакво уништување на јавниот и приватниот простор не е направено од страна на активисти на СДСМ, туку напротив по нарачка на нашиот опонент, кој заради стравот од изборниот пораз кој го чека во недела, не бира средства за мое лично оцрнување.

Во исто време ги повикувам и надлежните институции да ја испитаат оваа ситуација со цел лоцирање на одговорните.” – реагира Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e