Маскирани лица ограбиле странски државјанин на патот Кавадарци – Росоман

На 17.01.2018 година во 17.00 часот во Полициската станица Кавадарци В.Ѕ.Т. (24) од Република Србија пријавил дека истиот ден околу 12.30 часот две непознати маскирани лица извршиле разбојништво врз него.

Тој застанал со своето возило на патот Кавадарци – Росоман и кога излегол  од возилото му се доближиле лицата и со закана со нож и шрафцигер од торбата му одзеле 415 евра и 2.500 денари.

МВР презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e