Малолетник од Тетово прободен со нож

СВР  Тетово поднесе  кривична пријава против двајца 16-годишници од село Теново и против еден 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

Пријавените на 06.11.2017 година околу 18,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово физички нападнале  еден 17-годишник. Притоа, едниот 16-годишник му задал удар со нож во пределот на стомакот на оштетениот, по што тој бил пренесен во Клиничката болница Тетово. Подоцна, 16-годишникот со неговата мајка се пријавил во Полициската станица Тетово,  каде што го предал ножот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e