Малолетник од Боговиње нападнат со нож од двајца насилници

На 18.01.2018 година околу 17,40 часот било пријавено дека во Клиничкиот Центар во Тетово бил донесен повреден 17 годишен малолетник од с.Ново Село, Општина-Боговиње, кој имал расекотина на главата и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

По негово кажување, истиот бил нападнат од страна на В.И.(20) и Х.И.(21) од с.Ларце-тетовско. В.И. со рачка од нож го удрил во пределот на главата. Причина била расправија околу девојка.

Истовремено и двајцата напаѓачи сами се пријавиле во Полициско одделение Групчин и во разговорот негирале дека употребиле нож, односно кажале дека физички го нападнале малолетникот, но дека истиот паднал на глава на асфалтна површина и се повредил и дека истиот во повеќе наврати ја вознемирувал нивната сестра.

По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Тетово двајцата биле задржани во СВР-Тетово заради целосно расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e