Кривична од родител за директорот на прилепската гимназија

Родител на ученик од прилепската гимназија „Мирче Ацев“ денеска поднесе кривична пријава против директорот Кире Николоски, кого учениците го обвинија пред два дена дека држи политички говор со цел да ги стимулира да одат на протестите против т.н. Тиранска платформа. Директорот Николоски е истакнат член на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, пренесе порталот САКАМДАКАЖАМ.МК.

„Против директорот на гимназијата ‘Мирче Ацев’ од Прилеп Кире Николоски, до Основното јавно обвинителство поднесуваме кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, поради потикнување и овозможување на учениците да го напуштат наставно- образовниот процес, спротивно на Законот за средно образование, без одлука на Училиштен одбор, без негова формална одлука како директор и спротивно на Статутот на училиштето“, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Жарко Стеваноски, полномошникот на родителот на ученик во прилепската гимназија.

Родители на повеќе ученици од гимназијата кои по вчерашниот протест во дворот на училиштето не успеаја, денеска сепак лично му ги предадоа барањата на директорот Николоски.

„Ние сме загрижени за безбедноста на нашите деца, затоа што директорот на гимназијата им овозможува на ученици од други училишта непречено да влегуваат во просториите на училиштето, со знамиња и транспаренти со што ја нарушува безбедноста и сигурноста на нашите деца. Бараме одговорност од директорот и од наставничкиот совет. Не смее директор да држи политички говори на нашите деца, Инспекторатот да преземе итно мерки“, изјавија родителите.

Директорот Николоски, денеска не одговори на телефонските повици. Ни Просветниот инспекторат од Прилеп не се огласи со некаков одговор. И Општина Прилеп и градоначалникот Марјан Ристески останаа неми на случувањата во гимназијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e