Крива Паланка: Работниците од „Кадоро ОТТО“ ДООЕЛ си ги бараат платите!

Работниците од Друштвото за производство на чевли и трговија „Кадоро ОТТО“ ДООЕЛ од Крива Паланка, во понеделникот штрајкуваа поради неисплатени плати. Медиумите не им обрнаа внимание, тврдат од ЦИВИЛ Медиа.

Штрајкот започна на 23 март. Во петокот на 24 март, од раководството на фирмата „Кадоро ОТТО“ ДООЕЛ, стигнала информација дека сопственикот од Италија, заедно со адвокатите, ќе бидат присутни денеска и дека работниците ќе бидат исплатени. Но, денеска, ниту адвокатот на фирмата, ниту сопственикот од Италија, не беа присутни на состанокот со претставниците на здружението „Тивкото мнозинство – Гласно!“ од Штип, на Хелсиншкиот комитет и на работниците. По состанокот, заклучокот на претставниците на овие две граѓански здруженија е дека работодавачите намаат волја за решавање на случајот!

Хелсиншкиот комитет за човекови права бил информиран за проблемот од сопруг на на една вработена во фирмата, и по пријавата, на 9 март фирмата ја посетила Инспекција и го задолжила раководството платите да бидат исплатени најдоцна до 17 март. По состанокот адвокатот им ја објаснил ситуацијата на работниците, информирајќи ги за поднесеното барање за спроведување на инспекциски надзор на Инспекторатот, кој утврдил дека не им се исплатени платите и ја задолжил фирмата да им ги исплати, во рок од 8 дена од денот на примање на наредбата. Наредбата е доставена на 9 март, а фирмата била должна да ги исплати до 17 март.  Бидејќи работниците сѐ уште не добиле исплата, Инспекторатот уште еднаш е известен. Оттаму се очекува покренување на прекршочна постапка.

Адвокатот кој соработува со здружението „Тивкото мнозинство – Гласно!“ од Штип, ги извести работниците дека ова не е решение – фирмата да врши исплата по налог на Испекторатот, туку да се воспостави функционален механизам за редовно исплаќање на платите. Адвокатот ги советуваше вработените (главно работнички), ако сакаат да си ги остварат правата, тие да поднесат приватна тужба, зашто во спротивно, работодавачот може само да ја плати казната, а пак да не ги исплати работниците.

Штрајкот продолжува и утре и ќе трае секој ден, во фирмата, од 7 до 13 часот. На 120 работници кои неколку дена штрајкуваат, денеска се приклучиле уште 20. Штрајкувачите најавуваат дека од среда ќе се движат од фирмата, низ централното градско подрачје, до Општината.

Фото и видео: „Тивкото мнозинство – Гласно!“ (Штип)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e