Кр.Паланка: Започна проектот за развивање на животни вештини преку спорт на организацијата ЕГРИ

Со денешниот координативен состанок помеѓу волонтерот на Мировен Корпус Кајл Бучер, и раководните лица и тренери на спортските клубови од Крива Паланка, официјално започнува проектот насловен како “Тим Крива Паланка”.

Основната цел на проектот, како што најави воленторот, е да се развијат здрави и активни граѓани, лидери на заедницата кои се подготвени да придонесат во развојот на заедницата преку искористување и развивање на локалните ресурси.

celi

Активностите кои ќе бидат опфатени се поврзани со развивање на животни вештини ( life skills), преку користење на спортот како алатка која, како што велат од организацијата е еден од најлесните и најефикасните начини за добивање на овие вештини. Целта ќе биде да се зголемат капацитетите на децата, но во исто време и на тренерите со цел да се осигура оддржливост на проектот како и самиот развој во целина.

aktivnosti

Со проектот ќе бидат опфатени вкупно 200 деца на возраст од 7-18 години, членови на три спортски клуба, во карате, кошарка и пинг – понг.

Проектните активности се со период на имплементација од 01 февруари до 01 август. Имплементатор е здружението на граѓани Граѓански центар за одджлив развој ЕГРИ, а се реализира со финансиска поддршка од страна на мисијата на мировниот корпус на владата на САД во Македонија.

logo glavna

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e