Киднапирање во Тетово

На 13.03.2018 година во 19.45 часот во Полициската станица Тетово, Ф.С. (39) од Скопје, со привремен престој во Тетово, пријавила дека истиот ден околу 19.00 часот кај неа дома дошол Д.К. (38) од Тетово и насилно ја земал нејзината ќерка Е.С. (18). Таа се обидела да го спречи во намерата, но Д.К. ја удрил два пати  по главата, ја внел Е.С. во неговото возило и ја однел кај него дома.

По преземени мерки, Д.К. и Е.С. биле пронајдени и однесени во СВР Тетово. За настанот е запознаен Јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e