Карпош започна со расчистување на мини депонии

Од денеска, општина Карпош стартуваше со расчистување на т.н мини депонии низ општината, каде што несовесни граѓани често пати фрлаа отпад. Станува збор за околу пет до шест локации, кои ќе бидат целосно исчистени и заштитени со ограда од заштитна мрежа. Покрај тоа што оваа ограда ќе влијае на визуелниот впечаток, исто така ќе спречи натамошно фрлање на отпад, смет и градежен материјал.

i(2)

Прва за расчистување беше локацијата на ул. Софиска во населбата Тафталиџе 2, на местото на кое се наоѓа руинираниот објект на  поранешна „Славија“. Во наредните денови работниците за одржување на јавната хигиена кои ги ангажира општина Карпош ќе продолжат расчистувањето и на другите локации, а заштитата од создавање на вакви мини депонии ќе биде дел од редовната практика на локалната самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e