ЈКП Комуналец од Кр.Паланка обезбеди 50 улични корпи за отпадоци

Локалната самоуправа на Општината Крива Паланка и Јавното комунално претпријатие Комуналец  отпочнаа со реализација на обврските од Програмите за јавна чистота и за управување со отпадот во градот, усвоени од Советот на Општина Крива  Паланка.

29249734_984901258326551_493289161587949568_n

Една од приоритетните обврски беше набавка и поставување  на нови корпи за отпад за јавни површини како дополна или замена на старите и дотраени корпи за отпад. Од страна на ЈКП Комуналец обезбедени се 50 улични корпи за отпадоци од кои во текот на изминатите неколку дена 20 корпи се поставени на главната улица Свети Јоаким Осоговски, на потег од Осички мост до Стара чаршија. Во текот на наредната недела вакви корпи за отпад ќе бидат поставени и на останатиот дел од главната улица  како и на пешачката патека покрај магистралната улица и големиот кејски ѕид на Крива Река. Паралено со оваа активност отпочнати се активности и за обезбедување на нови контејнери.

29214868_984901198326557_320032886696706048_n

Со оваа ја потврдуваме нашата приоритетна заложба Крива Паланка да биде чист град и пристојно место за живеење. Корпите за отпадоци редовно ќе ги чистат работниците за одржување на јавната чистота, додека целосна контрола над користењето и одржувањето ќе ја вршат комуналните редари од Општината. Од друга страна пак граѓаните имаат обврска во случај на потреба истите да ги користат за да не се соочуват со казни, потенцираат од општината.

29213806_984901251659885_1608870632840232960_n

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e